Македонската филхармонија вечерва, во Домот на АРМ, ќе се претстави со вториот концерт од сезоната „Без зборови“. Музичарите од Македонската филхармонија вечерва ќе настапат под диригентската палка на Андреас Вајзнер од Германија, а како солист настапува еден од најдобрите светски виолинисти Валериј Соколов. Музичките критичари го нарекуваат Соколов драматичен и возбудлив виолинист, а на програмата, меѓу другото, ќе може да се чуе дел од „Волшебната флејта“ на Волфганг Амадеус Моцарт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.