
Најскапи цигари во Европа пушат Норвежаните каде што кутија цигари просечно чини 11,84 евра, а најевтини се во Белорусија каде чинат неполно евро (92 евро центи), а потоа во Србија со просечна цена од 1,17 евра за кутија цигари. Најскапи цигари во ЕУ се во Британија каде кутија во просек чини 11,1 евро, потоа следи Ирска со цена од 9,6 евра, а на трето место е Франција со цена од 7,30 евра за кутија, пренесува бањалучкиот весник „Независне новине“.
Во Шведска кутија цигари во просек чини 6,64 евра, во Холандија 6,32 евра, во Данска 5,91 евро, Белгија 5,79 евра, а во Германија 5,47 евра.
Потоа следат Италија и Финска со цена од 5 евра, па Шпанија и Малта од 4,8 евра. Најевтини цигари во ЕУ пушат Литванците со просечна цена за кутија од 2,06 евра, потоа Летонците со цена од 2,49 евра, а потоа Бугарите каде кутија цигари чини 2,55 евра.
Потоа следат Австрија и Чешка со цена од 3,25 евра.
Во Хрватска кутија цигари во просек чини 3,33 евра, во Романија 3,4 евра, во Естонија 3,5 евра, во Полска 3,51 евро, а во Словенија и Кипар 3,9 евра. Во 2000 година просечната цена по кутија изнесуваше 3,2 евра и продадени се 82,5 милијарди цигари. Во 2010 година кутија цигари чинеше во просек 5 евра, а продажбата падна на 54,8 милијарди цигари.
Во 2014 година Французите плаќаат 7 евра за кутија цигари, што доведе до пад на продажбата на 47,5 милијарди цигари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


