Селекторот на женската репрезентација на Полска Ким Расмунсен ќе и помага на Индира Кастратовиќ во ЖРК Вардар со цел да се освои европскиот врв.
На денешната прес-конференција, Расмунсен беше претставен како нов член на „црвено-црното“ ракометно семејство, а Данецот потпиша двегодишен договор со ЖРК Вардар.
„Се радувам што ќе работам со легенда каква што е Индира Кастратовиќ. Целта е да бидеме уште подобри и да бележиме подобри резултати. Ќе работиме напорно со цел да го освоиме врвот на Европа. Се надевам на успешна соработка со Индира и со целиот тим за доброто на клубот“, изјави Расмунсен.
Расмунсен се истакна на кормилото на полската репрезентација со освојување на 4. место на СП пред две години, а лани на ЕП неговите избранички го освоија 11. место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



