| четврток, 6 декември 2018 |

За Земан, Јацењук е „премиер на војната“

земан

Украинската и руската јавност денеска посветуваат значително внимание на критиките за случувањата во Украина, кои изминатите неколку дена ги упати чешкиот претседател Милош Земан во неколку свои интервјуа.

Земан за саботниот број на весникот „Право“ изјави дека премиерот на Украина Арсениј Јаценјук е „премиер на војната“, кој не сака мирно решавање на проблемите во земјата, кое го предлага Европа.

Минатогодишото соборување на претседателот Виктор Јанукович, Земан не го смета за демократска револуција.

А неодамнешниот киевски марш по повод годишнината од раѓањето на контроверзниот украински лидер Степан Бандера, чешкиот претседател го спореди со нацистичките паради.

– Со Украина нешто е лошо, а нешто не е во ред и со Европската унија, која не протестираше против тоа – рече Земан.

На социјалната мрежа твитер реагираше шефот на Комитетот за надворешни односи на Руската државна Дума, Алексеј Пушков, една од главните толкувачи на руските интереси на Украина, пишувајќи дека Земан „погодил точно во црнилата“.

Руските медиуми анализираат дека Земан во последно време е многу критикуван за поддршката на руското гледање на украинската криза.

Украинските официјални лица не реагираа на негативните оценки на украинскиот премиер.

– Чесите го имаат својот Јанукович, неговото име е Земан- напиша на Фејсбук, поранешната пратеничка на украинската националистичка партија Свобода, Ирина Фарион, која со индигнација ги отфрли негативните наводи на Земан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top