
На турско-сириската граница зголемено е безбедносното ниво откако турски офицер е киднапиран најверојатно од џихадистичката група Исламска држава.
– Според непотврдени информации се размислува и за трансгранична операција за ослободување на офицерот – јави Си-Ен-Ен Турк
Офицерот бил киднапиран на 1. јануари откако следел група која се обидувала да ја премине границата и не забележал дека навлегол на сириска територија.
По исчезнувањето на офицерот на турската армија зголемена е безбедносното ниво во реонот, каде се испратени голем број оклопни возила, војска и членови на разузнавачката агенција МИТ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


