| четврток, 6 декември 2018 |

Го киднапиле бидејќи се викал Меси

Тригодишното дете кому родителите му дале име по светски познатиот фудбалер Меси, две години бил заробен заедно со мајка му и сестра му од страна на Исламската држава. Од мајката барале да му го смени името на детето и тоа да се вика Хасан.

„Гревот“ на детето бил неговото име. Тоа,заедно со неговата мајка и сестра, во 2014 било киднапирнао од неговиот дом  во северен Ирак.

По две години во заробеништво, детето е спасено и сега живее во бегалски камп.

Но тие две години биле пеколни – од семејството на детето ИСИС постојано барале откуп, иако тие воопшто немале пари.

Момчето кое денеска има 5 години, не останало без последици – одвај зборува, кога ќе го повикаат по името Меси ја врти главата со негодување, и наместо со топка, сака да игра со пиштоли – пишува „Дејли меил“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top