Екипите на зимската служба на Град Скопје изминатата ноќ на критичните места и на булеварите фрлиле 85 тони сол.
Во текот на изминатиот викенд јавните градски претпријатија го расчистуваа и мразот од тротоарите, соопшти денеска прес-службата на Град Скопје, од каде посочуваат дека ја следат состојбата на терен и ќе интервенираат според потребите.
– Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување. Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти – се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.