Влеговме во еден поопасен свет. Украина, Блискиот Исток и Северна Кореја се неколку од искрите кои можат да предизвикаат голем конфликт годинава. Ова предупредување го изнесува поранешниот шеф на шведската дипломатија Карл Билд, укажувајќи на подрачја кои лани беа погодени од драматични кризи и во кои ситуацијата годинава може да се влоши, јави дописникот на МИА од Гетеборг.
Во својот дебатен напис во весникот „Дагенс индустри“, Карл Билд ја споменува странската разузнавачка дејност и сомневањата за присуство на неидентификувани подморници во архипелагот кај Стокхолм како пример на кризна ситуација која може да се интензивира гиодинава.
Билд во исто време не верува дека ОН би можеле да постигнат нешто посебно на тој план.
Без да капитулираме, мораме да погледаме реалистички дека Светската организација е политички парализирана во главниот дел на нејзините решавачки прашања, нагласува Карл Билд.
Според него, руската агресија врз Украина е „решавачкиот предизвик“. Тој исто така предупредува од можноста да избувне долготраен конфликт во муслиманскиот арапски свет, кој би можел да се спореди со европската 30-годишна војна во текот на 17-иот век.
Годината што измина покажа со голема јасност дека светот стана поопасен. Сите мораме да бидеме подготвени на последиците од таквиот развој на најширок план на нашата политика, констатира Карл Билд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Немаме планови за војна, но не го признаваме Косово
-
Се запали црвениот аларм: Американскиот систем на тревога ДЕФКОН очекува можна нуклеарна војна!
-
Шефот на германската дипломатија предупредува на сериозна опасност од војна во 2018 година
-
Американскиот генерал Роберт Нелер порача: Ќе има војна!