Градоначалникот на општина Бутел Петре Латиновски денеска ќе ги додели наградите за најубаво украсени дворови по повод новогодишните и божикните празници.
Првонаграден е Денчо Јосимов за илуминативната новогодишна креација „Новогодишна мисија“, втората награда ја доби Јана Палитова за „Распеаниот дедо мраз“, додека третонаграден е дворот на Владимир Димовски со наслов „Трите чувари на зимата“.
Сопствениците на трите најубаво украсени дворови за новогодишните и божикните празници ќе добијат благодарници од општина Бутел и парична награда од по 5.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.