| четврток, 6 декември 2018 |

Брзата храна влијае на оценките

brza hrana

Според американските научници, храната влијае на оценките на учениците во училиштето. Тие тврдат дека кај адолесцентите постои тесна врска помеѓу учењето и консумирањето на брза  храна. Научниците Кели М. Партел од универзитетот Колумбус во Охајо и Елизабет Гершоф од Универзитетот Остин во Тексас утврдиле дека децата кои премногу консумираат брза храна помалку напредуваат во училиштето и дека имаат пониски оценки од останатите.

Студијата покажува дека децата кои околу десетатта година најмногу консумирале нездрава храна, послабо напредуваат во читањето, математиката и научните предемти.

Истражувањето опфатило 11.740 деца кои се следени од шестата до 14-тата година.

Партел и Гершоф утврдиле дека децата кои јадат брза храна три и повеќе пати неделно имаат далеку полоши резултати во училиште за разлика од своите врсници.

Исхраната богата се шеќери и масти може да влијае во процесот на учењето и непосредното памтење, напоменуваат  научницитњ и ги советуваат родителите на децата да им ја ограничуваат брзата храна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top