| четврток, 6 декември 2018 |

Марк Цукерберг го откри предизвикот за 2015 година

150104076.1_mn

Еден од основачите на социјалната мрежа „Фејсбук“ и извршен директор Марк Цукерберг откри што ќе му претставува предизвик во 2015 година – читање книги, учење за различни култури, верувања, историја и технологија.

Цукерберг во крајот на минатата година побара помош од корисниците на фејсбук да одберат предизвик со кој тој ќе се соочи во 2015 година. Тој секоја година се одлучува на нов предизвик за да „ги прошири видиците и научи нешто ново за светот“.

Минатите години учеше мандарински, запознаваше секој ден по едно лице кое не работи за „Фејсбук“, им за заблагодаруваше на луѓето кои светот го правеа подобро место за живеење, носеше вратоврска….

Најмногу се одлучил да чита книги, бидејќи имало најмногу такви предлози, отвори и страница на фејсбук која се вика „Година на книгата“ и на неа пишува за тоа кои книги ги чита.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top