Чешки археолози откриле гробница на досега непозната египетска кралица, Хант Каус Трета, сопруга на единствениот фараон од петтата династија која владеала со Египет пред 4.500 години, соопшти министерството за култура на Египет.
– Првпат го откриваме името на кралицата која воопшто не беше позната пред да биде откриена нејзината гробница – изјави министерот за култура Мамдух ел Дамати.
Се проценува дека гробницата датира од средина на петтата династија (2949-2345 година пред новата ера). Откриена е на местото на гробницата на фараонот Неферефра, поради што се претпоставува дека тоа е неговата сопруга.
Археолозите во гробницата нашле и садови и други предмети од секојдневниот живот, врежано името на кралицата и другите нејзини звања по ѕидовите на гробницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.