Ако сте во ресторан, што ќе ве одврати од храната, ако на неа најдете: бубашваба, глодар,, мува, мравка или змија?
Ова прашање било поставено во едно истражување, а дури 61 отсто од испитаниците најмногу биле гадливи на бубашваби.
Но, научниците предупредуваат дека мувите двапати повеќе пренесуваат бактерии, а најопасни се куќните муви. Мувите јадат најодвратни работи како измет отпадоци од храна, не можат да ја џвакаат храната, и својот оброк го оближуваат со ензими кои го разложуваат и така го јадат. И како сето тоа да не е доволно, бактериите и вирусите кои се задржуваат на нивните тела, се шират по храната.
Доволно е само еднаш да слетаат на вашата чинија и со своите нозе успеваат да ги прнесат сите микроорганизми кои ги имаат
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.