Германскиот ски-скокач Рихард Фрајтаг е победник на третата станица од новогодинешната турнеја „Четири скокалници“ на скокалницата Бергисел во Инсбрук.
Тој со двата скока од 133,5 и 132 метри успеа да собере 278,5 бода и да се искачи на првото место. Втор беше новата ѕвезда на австриското скијање Штефан Крафт кој успеа да го собори рекордот на скокалницата со скок во првата серија од 137 метри, но поради лошиот втор настап од само 127 метри успеа да собере само 273,5 поени.
Третото место го поделија Јапонецот Нориаки Касаи и швајцарскиот ски-скокач Симон Аман кои собраа 263,7 бодови.
По третата станица од турнејата во генералниот пласман води Крафт со 835,4 поени, пред Михаел Хајбек со 812,3 и Словенецот Петр Превц со 806 бода.
Томку Хајбек во Инсбрук во првата серија скокна 138 метри, но при доскокот ја добре земјата и неговиот скок не се смета како рекорд на скокалницата.
Скокот во втората серија на Крафт од 137 метри е нов рекорд во Инсбрук.
Во генералниот пласман во светкскиот куп по 12 одржани натпреварувања води Хајбек со 589 бода, пред Крафт со 557 и Куделка со 556 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.