| четврток, 6 декември 2018 |

Обврската за зимска опрема истекува утре

Законската обврска за носење зимска опрема во автомобилите истекува утре, известуваат од АМСМ. Во меѓувреме, на возачите им се препорачува внимателно возење по влажните коловози, особено на местата каде што има опасност од одрони и каде што се одвиваат градежни работи. Ако решите денеска некаде да патувате, од АМСМ порачуваат на следните места особено да внимавате:

Мостот на реката Вардар на патот Неготино – Штип е целосно затворен поради тешки оштетувања, а сообраќајот е пренасочен преку Криволак, односно патниот правец Неготино – Криволак – Пепелиште, и тоа само за лесни возила. Забраната за тешки товарни возила на тој патен правец сè уште е во сила.

На автопатот Е-75 на патниот правец Велес-Скопје во тунелот кај Катланово поради изведување работи на електричната мрежа – осветлување сообраќајот се одвива по една коловозна лента, каде што е поставена и соодветна сообраќајна сигнализација. Се очекува работите да потраат околу еден месец.

На патниот правец Демир Капија – Смоквица поради преместувањето на осветлувањето во тунелот кај Демир Капија, сообраќајот по потреба се одвива по една сообраќајна лента, за што е поставена соодветна сигнализација и семафорско решение.

Да се внимава на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците каде што е можна почеста појава на одрони, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово -Виница кои може да го попречат движењето на возачите.

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива без забрани, по претежно влажни коловози.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top