Евентуално воведување на поостри санкции би можело да ја дестабилизираат ситуацијата во Русија и да ја втурнат земјата во хаос, предупреди денеска германскиот вицеканцелар и министер за економија, Зигмар Габриел, додавајќи дека тоа не е во интерес на Европа.
– Целта никогаш не била Русија да се втурне во политички и економски хаос, туку Москва да се врати на преговарачка маса. Кој и да сака да го направи тоа ќе предизвика многу поопасна ситуација за сите нас во Европа, истакна Габриел, нагласувајќи притоа дека Русија е нуклеарна сила.
Според него, оние кои сакаат уште повеќе да ја дестабилизираат Русија на економски и политички план, пред себе имаат сосема поинакви интереси.
– Некои во Европа и САД сакаат да го видат стариот ривал Русија на колена, но тоа не е во интерес нити на Германија, ниту на Европа. Ние сакаме да помогнеме да се реши конфликтот во Украина, додаде Габриел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.