| четврток, 6 декември 2018 |

Пороен дожд и ветар со повеќе од 90 километри на час

Управата за хидрометеоролошки работи известува дека во текот на денот ќе има обилни врнежи кои наместа ќе наврнат повеќе од 50 литри на квадратен метар.

Локално ќе има појава на невреме со поројни врнежи, грмежи и услови за изолирана појава на град.

Ќе дува засилен, повремено и силен јужен ветер со брзина поголема од 90 километри на час.

В петок ќе има повремени врнежи, на планините снег, а поради заладувањето со северен ветер, попладне ќе паѓа снег и на некои пониски места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top