| четврток, 6 декември 2018 |

Економијата во 2014 година – Си­те се­кто­ри бе­ле­жат по­зи­тив­ни дви­же­ња

2014 го­ди­на мо­же да се по­фа­ли со мно­гу не­шта на еко­ном­ски план. До­маш­ни­от бру­то-про­из­вод бе­ле­жи раст кој нѐ вбро­ју­ва ме­ѓу зем­ји­те во Евро­па со нај­ви­со­ки ре­зул­та­ти на тоа по­ле. За рас­тот на БДП де­лум­но е зас­луж­на и ин­ду­стри­ја­та ко­ја 14 ме­се­ци по ред бе­ле­жи на­гор­ни дви­же­ња. Не­вра­бо­те­но­ста е пад­на­та под 28 от­сто, а стран­ски­те ин­ве­сти­то­ри сѐ по­ве­ќе и по­ве­ќе ид­ни­на­та на сво­јот биз­нис ја гле­да­ат во рам­ки на на­ша­та зем­ја. Бан­ки­те се отво­ре­ни за кре­ди­ти­ра­ње на сто­панс­тво­то, а стан­бе­ни­те кре­ди­ти се на нај­ни­ско ни­во, со што им ста­ну­ва­ат до­стап­ни на по­ве­ќе гра­ѓа­ни          

rast-ekonomija

1. Раст на БДП 

Прог­но­зи­те ве­лат де­ка Ма­ке­до­ни­ја 2014 го­ди­на ја за­вр­шува со раст од око­лу 4 от­сто, кој ќе би­де втор нај­ви­сок ре­зул­тат во Евро­па. На­род­на бан­ка на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја (НБРМ) прог­но­зи­ра де­ка ма­ке­дон­ска­та еко­но­ми­ја годината што измина ќе ос­тва­ри еко­ном­ски раст од 3,7 от­сто. Спо­ред НБРМ, во на­ред­ни­от пер­и­од ќе про­дол­жат др­жав­ни­от ин­ве­сти­ци­ски сти­мул, по­зи­тив­ни­те ефе­кти од стран­ски­те ди­рект­ни ин­ве­сти­ции, со­лид­на­та кре­дит­на под­др­шка и,нај­важ­но, за­креп­ну­ва­ње­то на па­за­рот на тру­дот. Глав­ни­те ри­зи­ци што оста­ну­ва­ат се ек­стер­ни и по­вр­за­ни со заз­дра­ву­ва­ње­то на еко­но­ми­ја­та во евро­зо­на­та.НБРМ прог­но­зи­ра де­ка рас­тот ќе про­дол­жи во на­ред­ни­те го­ди­ни, и тоа со по­за­си­ле­но тем­по. За 2015 го­ди­на се оче­ку­ва по­зи­ти­ва од 4,1 от­сто, а за 2016 го­ди­на од 4,5 от­сто, со што Ма­ке­до­ни­ја по­втор­но ќе се вра­ти на ре­ла­тив­но ви­со­ки­те стап­ки на раст кои ги ос­тва­ру­ва­ше пред го­ле­ма­та кри­за ко­га зем­ја­ва ре­ги­стри­ра­ше не­кол­ку го­ди­ни раст на БДП од над 5 от­сто, а вр­вотбе­ше до­стиг­нат во 2007 го­ди­на ко­га рас­тот из­не­су­ва­ше це­ли 6,1 от­сто.

2. Ин­ду­стри­ја­та за­ста­на на здра­ви но­зе

Во 2014 година ин­ду­стри­ја­та зе­де за­лет и за­ста­на на здра­ви но­зе, што ука­жу­ва де­ка про­е­кти­ра­на­та стап­ка на еко­ном­ски раст е ос­твар­ли­ва. Ин­ду­стри­ско­то про­из­водс­тво кон­ти­ну­и­ра­но рас­те 14 ме­се­ци по ред, од сеп­тем­ври 2013 го­ди­на. Спо­ред пос­лед­ни­те по­да­то­ци од Др­жав­ни­от за­вод за ста­ти­сти­ка, ин­ду­стри­ја­та во октом­ври, во спо­ред­ба со исти­от пер­и­од 2013 го­ди­на,по­рас­на­ла за 7,5 от­сто. Од по­че­то­кот 2014 го­ди­на, а за де­сет ме­се­ци, рас­тот на ин­ду­стри­ско­то про­из­водс­тво из­не­су­ва 5,1 от­сто.Спо­ред по­да­то­ци­те, рас­тот се дол­жи на до­маш­на­та ин­ду­стри­ја, пред сѐ на тек­стил­на­та и на ме­тал­на­та, кои има­ат со­лид­но до­бар по­раст. И гра­деж­ни­ци­те беа ло­ко­мо­ти­ва на ин­ду­стри­ски­от раст.

Исто­вре­ме­но, и стран­ски­те ин­ве­сти­ции го бил­да­ат ин­ду­стри­ско­то про­из­водс­тво. По­да­то­ци­те по­ка­жу­ва­ат де­ка по­ра­ди стран­ски­те ин­ве­сти­ции во авто­мо­бил­ски­от се­ктор, во пос­лед­ни­ве не­кол­ку ме­се­ци е нај­го­лем рас­тот во про­из­водс­тво­то на мо­тор­ни во­зи­ла, при­кол­ки и по­лу­при­кол­ки. Во овој дел про­из­водс­тво­то по­рас­на не­кол­ку па­ти по­ве­ќе откол­ку 2013 го­ди­на.

3. Пад на не­вра­бо­те­но­ста

Не­вра­бо­те­но­ста во 2014 го­ди­на се спу­шти под 28 от­сто, на исто­ри­ски нај­ни­ско ни­во. Иа­ко тоа ни­во сѐ уште е ви­со­ко, Ма­ке­до­ни­ја во ре­ги­о­нот оста­ну­ва единс­тве­на­та зем­ја ко­ја ус­пе­ва да ја на­ма­ли не­вра­бо­те­но­ста во си­ту­а­ци­ја на еко­ном­ска кри­за. До­де­ка Евро­па сѐуште се спра­ву­ва со еко­ном­ска­та кри­за, ма­ке­дон­ско­то сто­панс­тво ус­пеа да се спра­ви со пре­диз­ви­ци­те што до­а­ѓа­ат во тој пог­лед. Се оче­ку­ва од квар­тал на квар­тал не­вра­бо­те­но­ста сѐ по­ве­ќе и по­ве­ќе да се на­ма­лу­ва. Пре­куактив­ни­те мер­ки и по­ли­ти­ка за вра­бо­ту­ва­ње, кои се ре­а­ли­зи­ра­ат пре­ку Ми­ни­стерс­тво­то за труд и со­ци­јал­на по­ли­ти­ка и Аген­ци­ја­та за вра­бо­ту­ва­ње, се пра­ват оби­ди да се за­зе­ме ин­ди­ви­ду­а­лен при­стап кон се­кој не­вра­бо­тен, да се по­до­брат и ус­лу­ги­те што ги да­ва­ат овие ин­сти­ту­ции.Ка­ко ре­зул­тат на Опе­ра­тив­ни­от план за вра­бо­ту­ва­ње, актив­ни­те мер­ки и по­ли­ти­ка­та, во 2014 го­ди­на оп­фа­тот на не­вра­бо­те­ни ли­ца пре­ку овие мер­ки е пре­ку 20.000, а са­мо пре­ку актив­ни­те мер­ки се по­стиг­на­ти по­ве­ќе од 5.400 вра­бо­ту­ва­ња.

4. Ре­а­ли­зи­ра­ни по­ве­ќе стран­ски ин­ве­сти­ции

Стран­ски­те ин­ве­сти­ции оста­ну­ва­ат еден од глав­ни­те  им­пул­си за еко­но­ми­ја­та. Во 2014 година по­ве­ќе од 20 ре­но­ми­ра­ни стран­ски ком­па­нии  ја од­браа Ма­ке­до­ни­ја ка­ко ме­сто за во­де­ње на сво­јот биз­нис. Тоа зна­чи де­ка 2014 го­ди­на е ед­на од нај­ус­пеш­ни­те ко­га ста­ну­ва збор за влез на стран­ски ди­рект­ни ин­ве­сти­ции до­кол­ку се на­пра­ви спо­ред­ба со прет­ход­ни­те го­ди­ни. Дел од ком­па­ни­и­те поч­наа да ин­ве­сти­ра­ат, а дел ги до­не­соа и об­ја­ви­ја од­лу­ки­те за ин­ве­сти­ра­ње. Ком­па­ни­и­те во зо­ни­те 2014 година по­стиг­наа из­воз од пре­ку ми­ли­јар­да евра, а во зо­ни­те се вра­бо­те­ни око­лу 11 ил­ја­ди ра­бот­ни­ци. За де­вет­те ме­се­ци од 2014 го­ди­на вле­зот на стран­ски­те ин­ве­сти­ции из­не­су­ва око­лу 200 ми­ли­о­ни евра. Се оче­ку­ва трен­дот на раст на стран­ски­те ин­ве­сти­ции да про­дол­жи и во 2015 го­ди­на, со ог­лед на тоа де­ка има нај­а­ва од двае­се­ти­на ком­па­нии да поч­нат биз­нис во Ма­ке­до­ни­ја.

5. Бан­ки­те го зго­ле­му­ва­ат кре­ди­ти­ра­ње­то на сто­панс­тво­то

Бан­ки­те го од­вр­заа ќе­се­то за кре­ди­ти­ра­ње на при­ват­ни­от се­ктор. Сто­панс­тво­то до­би  на рас­по­ла­га­ње све­жи па­ри, а за до­бри­те про­е­кти на фир­ми­те, бан­ки­те не се ште­дат. Во те­кот на тре­ти­от квар­тал, НБРМ ја за­др­жа ос­но­ва­та ка­мат­на стап­ка на ни­во од 3,25 от­стооце­ну­вај­ќи ја ка­ко со­од­вет­на на еко­ном­ски­те и на фи­нан­си­ски­те ус­ло­ви во овој пер­и­од и на про­це­не­ти­те ри­зи­ци. Се оче­ку­ва де­лов­ни­те бан­ки уме­ре­но да ја зго­ле­му­ва­ат под­др­шка­та на  ин­ве­сти­ци­ски­те од­лу­ки на до­маш­ни­те суб­је­кти.Прог­но­зи­те се слич­ни и за 2015 го­ди­на.Бан­ки­те се до­бро ка­пи­та­ли­зи­ра­ни. Се ба­ра­ат здра­ви ком­па­нии со до­бри про­е­кти во ко­и­што ќе би­дат пла­си­ра­ни средс­тва­та, и тоа по по­вол­ни ус­ло­ви имај­ќи пред­вид де­ка ка­мат­ни­те стап­ки се на исто­ри­ски нај­ни­ско ни­во.

Пос­лед­ни­те по­да­то­ци по­ка­жу­ва­ат де­ка кре­ди­ти­ра­ње­то рас­те со стап­ка од ре­чи­си 10 от­сто, а ни­во­то на ри­зич­ни­те плас­ма­ни се ста­би­ли­зи­ра на око­лу 12 от­сто. Про­цен­тот на не­функ­ци­о­нал­ни­те кре­ди­ти е по­ни­зок од си­те зем­ји во ре­ги­о­нот, но сѐ уште прет­ста­ву­ва огра­ни­чу­вач­ки фа­ктор за зго­ле­му­ва­ње на кре­ди­ти­ра­ње­то.

6. Пад на стан­бе­ни­те ка­ма­ти

Ка­ма­ти­те на стан­бе­ни­те кре­ди­ти до­стиг­на исто­ри­ски нај­ни­ско ни­во, а се ну­дат кре­ди­ти под иск­лу­чи­тел­но по­вол­ни ус­ло­ви. За по­е­вти­ну­ва­ње на стан­бе­ни­те кре­ди е нај­зас­лу­жен про­е­ктот „Ку­пи ку­ќа ку­пи стан“. Ова ја раз­го­ри кон­ку­рент­ска­та би­тка ме­ѓу бан­ки­те. Тие се нат­пре­ва­ру­ва­ат со атра­ктив­ни по­ну­ди, со ка­ма­та до 3 от­сто во пр­ви­те три го­ди­ни и до 7 от­сто го­диш­на, про­мен­ли­ва за оста­на­ти­от пер­и­од до отп­ла­та на кре­ди­тот. Бан­ки­те за стан­бе­ни­от кре­дит ве­ќе не го ба­ра­ат ни­ту на­до­ме­сто­кот за одо­бру­ва­ње и за ад­ми­ни­стри­ра­ње, и не­ма до­пол­ни­тел­ни тро­шо­ци за про­це­на на обез­бе­ду­ва­ње.

Бан­ки­те во де­вет­те ме­се­ци од 2014 го­ди­на им одо­бри­ле на гра­ѓа­ни­те стан­бе­ни кре­ди­ти во из­нос од пре­ку 25 ми­ли­јар­ди де­на­ри, што прет­ста­ву­ва раст од 15 от­сто во од­нос на исти­от период во 2013 година. Про­сеч­на­та ка­мат­на стап­ка на вкуп­ни­те стан­бе­ни кре­ди­ти из­не­су­ва­ла 6,3 от­сто, што ука­жу­ва де­ка ка­ма­ти­те иво 2014 година про­дол­жи­ле да па­ѓа­ат.

Пишува: Александрија Стефковска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top