| четврток, 6 декември 2018 |

Одг­ле­ду­ва­ње­то ша­фран е по­ве­ќе од исп­лат­лив биз­нис

Ша­фра­нот има обра­тен жи­во­тен цик­лус од дру­ги­те рас­те­ни­ја. На­про­лет го сне­му­ва, во ле­то­то е во хи­бер­на­ци­ја, а се по­ја­ву­ва со пр­ви­те есен­ски дож­до­ви, во сеп­тем­ври

safran

Ви­о­ле­тов цвет со пре­кра­сен ми­рис и украс на поч­ва­та. Ва­ка изг­ле­да ша­фра­нот ко­га цве­та од кра­јот на сеп­тем­ври до по­че­то­кот на де­кем­ври. Тој е нај­ска­пи­от за­чин во све­тот. Не­го­ва­та це­на е астро­ном­ска и за еден ки­ло­грам ша­фран се пла­ќа од 10.000 евра до 30.000 евра, во за­вис­ност од ква­ли­те­тот. Ва­жи за лек што по­ма­га при ва­ре­ње­то, но нај­важ­но е што има по­се­бен, из­во­нре­ден вкус, па на ја­де­ња­та им да­ва по­себ­ност ка­ко ни­е­ден друг за­чин.Ма­ке­до­ни­ја е по­год­на за одг­ле­ду­ва­ње ша­фран. За да се одг­ле­ду­ва по­треб­но е да се ин­ве­сти­ра во рас­ад, но мо­же да се бе­ре и ди­ви­от ша­фран, кој во зем­ја­ва е рас­про­стра­нет на го­ле­ми по­вр­ши­ни и за чи­ја­што експ­ло­а­та­ци­ја не е по­треб­но вло­жу­ва­ње на ни­ка­кви средс­тва.

Ме­ѓупр­ви­те ли­ца штопоч­на­ле да одг­ле­ду­ва­ат ша­фран во Ма­ке­до­ни­ја е Бла­го­ја Кр­стев­ски, и тоа во де­мир­хи­сар­ско­то се­ло Сло­ешт­ни­ца. Тој еден дел од го­ди­на­та по­ми­ну­ва во Ма­ке­до­ни­ја, а дру­ги­от со сво­е­то се­мејс­тво е во Швај­ца­ри­ја, во Лу­церн.Кр­стев­ски сме­та де­ка ре­ги­о­нот на По­вар­да­ри­е­то, а по­себ­но Ти­кве­шко, се по­год­ни за ог­ле­ду­ва­ње на оваа ви­со­ко­исп­лат­ли­вакул­ту­ра. Ина­ку, ша­фра­нот, кој уште го на­ре­ку­ва­ат ми­ру­ди­ја на кра­ле­ви­те, из­др­жу­ва ни­ска тем­пе­ра­ту­ра до ми­нус 20 Цел­зи­у­со­ви сте­пе­ни. Са­ка во­до­про­пус­ни по­вр­ши­ни на кои има ва­ров­нич­ка поч­ва. Тоа што е ка­ра­кте­ри­стич­но за не­го е де­ка не ба­ра на­вод­ну­ва­ње.

safran1

– Мо­ја пре­по­ра­ка е да се поч­не со по­се­ри­оз­но про­из­водс­тво на ша­фран кај нас за­тоа што е кул­ту­ра што е исп­лат­ли­ва и тру­до­ин­тен­зив­на. До­кол­ку се поч­не со се­ри­оз­но про­из­водс­тво, ќе ги за­жи­вее ру­рал­ни­те сре­ди­ни за­тоа што со ре­ла­тив­но ма­ла по­вр­ши­на, од не­кол­ку де­ка­ри,мо­же да жи­вее ед­но про­сеч­но се­мејс­тво. По­лез­но е и тоа што не ба­ра по­себ­ни ус­ло­ви во од­нос на поч­ва­та и на ме­ха­ни­за­ци­ја­та. Од ра­бот­ни опе­ра­ции се по­треб­ни пле­ве­ње и бе­ре­ње –наг­ла­су­ва Кр­стев­ски.

Ша­фра­нот има обра­тен жи­во­тен цик­лус од дру­ги­те рас­те­ни­ја. На­про­лет го сне­му­ва, во ле­то е во хи­бер­на­ци­ја, а се по­ја­ву­ва со пр­ви­те есен­ски дож­до­ви, во сеп­тем­ври. Во за­вис­ност од вр­не­жи­те и од тем­пе­ра­ту­ра­та, поч­ну­ва да цве­та три не­де­ли по ник­ну­ва­ње­то, и тоа во октом­ври и во но­ем­ври.

За на­сад на еден де­кар по­вр­ши­на по­треб­ни се око­лу 10.000 лу­ко­ви­ци и во на­ред­ни­от пер­и­од од три го­ди­ни,би­деј­ќи е трип­лод­но рас­те­ние, ќе се разм­но­жат по­ве­ќе од 100.000 лу­ко­ви­ци. Че­твр­та­та го­ди­на е нај­род­на, а во пет­та­та го­ди­на тре­ба да се сме­ни пар­це­ла­та и лу­ко­ви­ци­те да се пре­са­дат на но­ва ло­ка­ци­ја.

– При­но­сот за­ви­си од тоа кол­ку рас­те­ни­ја има­ме. За да се до­бие еден ки­ло­грам ша­фран, по­треб­ни се око­лу 150.000 цве­то­ви. Всуш­ност, ша­фра­нот е толч­ни­кот на цве­тот на рас­те­ни­е­то и се со­би­ра­ат са­мо цр­ве­ни­те толч­ни­ци, кои се су­шат на тем­пе­ра­ту­ра од 40 до 50 Цел­зи­у­со­ви сте­пе­ни без ве­тер, во су­шил­ни­ца, во пер­и­од од еден ден. Су­ше­ње­то на сон­це не се пре­по­ра­чу­ва за­тоа што сон­че­ви­те зра­ци штет­но вли­ја­ат на аро­ма­та на ша­фра­нот -об­јас­ну­ва Кр­стев­ски.

Це­на­та на свет­ски­от па­зар ва­ри­ра од го­ди­на во го­ди­на, а мо­мент­на­та це­на е 20.000 евра за пр­ва кла­са и 16.000 евра за вто­ра кла­са за еден ки­ло­грам ша­фран. При­чи­на за ви­со­ка­та це­на на ша­фра­нот е кон­ти­ну­и­ра­ни­от не­до­стиг од не­го на свет­ски­от па­зар. Гла­вен про­из­во­ди­тел во све­тот, со по­ве­ќе од 90 про­цен­ти, е Иран.

Пишува: Александрија Стефковска

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top