| четврток, 6 декември 2018 |

Карим Бензема пред казна од сопствениот клуб

Фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема, за време на новогодишните празниците добро се забавуваше, но тоа најверојатно скапо ќе го чини. Според информациите на шпанските медиуми, управата на Реал Мадрид планира да го казни Карим Бензема поради тоа што за време на престојот во Дубаи, уживал во скокањето со параглајдер.

Реал Мадрид е ригорозен во казните кон своите играчи, пред се поради ризикот од повреди надвор од теренот учествувајќи во некои екстремни спортови. Се најавува дека казната кон Карим Бензема би можела да биде навистина голема, а се спомнуваат неколку неделни плати.

Ова не е прв испад на Бензема одкога тој е во кралскиот клуб. Тој во 2009 и 2011 година учествуваше во сообраќајни несреќи во кои целосно уништи два автомобили, но за среќа фудбалерот не беше повреден. Подоцна беше казнет со 18 000 евра поради пребрзо возење на Ибица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top