| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е иделниот состав на Ливерпул во ерата на Стивен Џерард

По цели 17 години поминати во црвените од Ливерпул капитенот Стивен Џерард на крајот од оваа сезона ќе го напушти тимот и најверојатно ќе се пресели преку барата.

Stiven-Džerard

Тој дебитираше уште во далечната 1998, а освои 10 титули од кои една во Лигата на шампионите, но не и првенството на Англија за која цел живот ќе жали.
Тој се одлучи да го направи идеалниот состав на Ливерпул со играчи со кои тој настапувал во текот на кариерата во формација 4-3-3.

На голот е Пепе Реина, пред него е стоперскиот тандем Сами Хипија и Џејми Карагер. Како странични бекови се Џон Арне Рисе и Стив Финан.
Во средината поради инсистирање мораше да се стави самиот себесе заедно со Хавиер Маскерано и Чаби Алонсо.
Задолжени за голови би било убиственото трио Роби Фаулер, Луис Суарез и Фернандо Торес.

stiven dzerard

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top