Цената на нафтата на светските пазари продолжува да паѓа, поради растот на производството во Русија и во Ирак, пренесува Блумберг.
Извозните испораки на нафта од двете земји ја постигнаа својата највисока точка за изминатава деценија и на тој начин придонесуваат за презаситеноста на пазарот.
Во моментов вредноста на барел нафта марката Брент чини 56,42 долари, што е за 1,58 отсто помалку од вчера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


