Норвешката компанија „Гербулк“, сопственик на повеќе товарни бродови, денеска соопшти дека еден нејзин пловен објект потонал покрај брегот на Виетнам, при што бил спасен само еден од 19-члениот филипински екипаж.
Според виетнамските служби за спасување, досега се пронајдени телата на двајца членови на екипажот.
Компанијата „Гербулк“ соопшти дека бродот „Балк Џупитер“ се наоѓал на 155 наутички милји од виетнамскиот брег, на пат од Малезија кон Кина, кога испратил повик за помош.
Спасувачката акција била оневозможена поради лошите временски услови и високите бранови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


