| четврток, 6 декември 2018 |

Тетовец застрелан со огнено оружје пренесен во Ургентен центар во Скопје

Триесет и пет-годишен тетовец бил застрелан од огнено оружје, и поради сериозноста на повредите е пренесен во скопскиот Ургентен центар

Во полициската станица во Тетово, 41-годишниот А.Ј. телефонски пријавил дека со неговото возило се движи кон градската болница и го носи неговиот брат35-годишен брат Е.Ј., кој бил повреден од огнено оружје во пределот на десната потколеница во близина на медицинското училиште во Тетово.

Полициски службеници се упатиле во Клиничката болница во Тетово, каде што лекар им потврдил дека на лицето му била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите истото е пренесено во Ургентниот центар во Скопје.

Увидна екипа од СВР Тетово извршила увид на улицата „Вон Вардарска“, поточно во Блок 87 бр.29 пред локалот „Папаја“ во Тетово, каде на снежната подлога на улицата биле пронајдени неколку траги од крв, кои се подигнати за вештачење.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, а засега нема поединости како дошло до инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top