| четврток, 6 декември 2018 |

Британија се тресе поради скандалот во кралското семејство: Принцот имал малолетна секс робинка

Обвинението против војводата од Јорк е дел од судски процес кој се води против инвестицискиот банкар, мултимилјардерот Џефри Епстин кој се терери за присилување на малолетни лица на сексуални односи со него и со неговите деловни партенри.

Принцот Ендру, војводата од Јорк и синот на Кралицата Елизабета II и принцот Филип е обвинет дкеа имал сексуални односи со малолетна девојка која била присилена на тоа.

Неименувана женска личност сведочела во американскиот суд дека еден инвестициски банкар ја „позајмувал“ на неговите богати и моќни пријалети како „сексуална робинка“ и дека неколку пати во тоа својство била присилена да има односи со британскиот принц Ендру, војводата од Јорк.

Епсин е обвинет од страна на група девојки пред судот во Флорида, а една од нив во исказот тврди дека Епсин неколку пати ја силувал, а потоа ја „позајмувал“ на своите пријатели, влијателчни луѓе од сите краеви на светот кои исто така ја силувале.

Сето ова наводно се случило во периодот меѓу 1999. и 2002. година. Во обвинението се наведува дека „девојката која тогаш имала 17 години била присилена на сексуални односи со принцот Ендру во Лондон, Њујорк, како и на приватен карипски остров, кој е во сопственост на Епстин.

Во новото обвинение, Епстин се обвинува за подведување на малолетнички на разни светски моќници поради стекнување политичка, лична и финансиска корис. Пријателскиот одност на Епсин и Ендру отсекогаш бил контроверзен. Принцото го посети неговиот пријател веднаш откако беше пуштен од затвор во 2009 година, коха тој отслужи казна од 13 месеци откако беше осуден за пклаќање на сексуални услуги на 14 годишнна девојка.

Ендру и порано беше поврзуван со секс скандали во чиј центар се наоѓа Епстин, но ова е прв пат името на принцот и војвота од Јорк да се најде во официјален судски документ и тоа во сведочењето на малолетна девојка која тврди дека принцот е еден опд многутемина кои ја третирале како „сексуална робинка“

Бакингемската палата објави официјално соопштение во кое наведува дека „секоја инсинуација за непримерниот однос со малолетната личност категорички е неточна и со оглед дека станува збор за граѓанска судска постапка која се води против Епстин, а не против принцот Ендру, војводата од Јорк, нема да се огласуваат по тоа прашање.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top