Првиот голман на каталонскиот гигант Барселона Чилеанецот Клаудио Браво би можел на крајот од оваа сезона да стане најдобриот голман во историјата на лигата.
Тој досега во шпанската прва лига има примено само седум гола на сите 16 натпревари за Барселона или во просек во 0,43 на меч. Тоа е подобро од просекот на рекордерот во лигата легендарниот голман на Депортиво Ла Коруња Франциско Лиано кој во сезоната 1993/94 на 38 натпревари прими само 18 гола или 0,47 во просек.
Браво е на добар пат да го собори и клупскиот рекорд на Салвадор Садруни кој само 16 пати ја вадел топката од мрежата во текот на една сезона, но тој пропушти дури осум натпревари.
Клаудио Браво првпат беше совладан во деветото коло во „Ел Класико“ кога Кристијано Роналдо успеа да погоди од белата точка.
За да стане рекордер во лигата Браво на 22 натпревари треба да прими помалку од девет гола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.