Петгодишниот Давид Домазетовски од Битола заздравува по двете извршени интервенции, но битката сѐ уште трае.
Малечкиот битолчанец од 22 декември се наоѓа на Одделот за неврохирургија во „Аџибадем Систина“ поради тумор на мозокот, поточно изразен Hidrocefalus со голем тумор medulloblastoma ventr. IV. Hydrocephalus int, кој беше отстранет по две тешки операции.
Таткото на Давид се заблагодари на огромната помош и поддршка, пред сѐ од битолчани, но и за сите кои одвоија дел од своите средства или време да му помогнат на неговото синче.
Сепак, помошта сe уште е неопходна.
Може да донирате преку броевите за донација:
077/143-778– за корисниците на мрежата на ВИП
075/143-502– за корисниците на мрежата на ОНЕ
070/143-163– за корисниците на мрежата на Т-Мобиле,
или на трансакциската сметка на Давид
Во Комерцијална банка има сметка на Давид, во која директно на шалтер може да уплатите донација.
Отворена е сметка и за дијаспората. Сметката за пријателите од странство е IBAN MK 07300307062190557
BIC/SWIFT CODE KOBSMK2X
Нашинците во САД и во Австралија за Божик ќе можат да донираат во тамошните православни цркви.
На Широк Сокак, кај трафиката спроти џамијата, веднаш до „Рудо Јагне” кај таксистите од денеска е поставена кутија за донации за Давид. Хуманитарните честитки изработени од дечињата на „Лајфстарт“ се уште можете да ги набавите кај „Арт Кафе”.
Се замолуваат сите граѓани, кој колку може, за подмирување на огромните трошоци за лекување, да донираат за да продолжиме еден млад живот да живее!!
Ве замолуваме да ја споделете оваа вест за да му помогниме на семејство Домазетовски!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




