Македонскиот пејач Димитар Андоновски ужива со својата нова девојка, а љубовта не ја крие од никој. Двојката постојано споделува фотографии на социјалните мрежи, иако во врска се од неодамна.
Новата девојка на Диме е прилепчанката Христина Дамедулевска, за која тој ни откри дека го прави навистина среќен.
– Можам да ви кажам дека многу убаво се чувствувам – ни изјави Диме.
За новогодишната ноќ пејачот заедно со колегата Дарко Илиевски, настапуваа во Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



