Поради лошите временски услови и ниските температури од денес, сабота, 3 јануари, времено ќе бидат укинати возовите број 541/540 на релација Скопје – Битола – Скопје.
Како што соопшти МЖ Транспорт АД – Скопје, возовите нема да сообраќаат се додека не се стекнат услови за нивно повторно воведување во редовниот железнички сообраќај.
„Хераклеа експерес“ од Велес во правец кон Скопје поаѓаше во 7,21 ч. додека во правец кон Битола во 17,37ч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.