| четврток, 6 декември 2018 |

Се продава Атланта хоукс, Перо Антиќ со нови газди

Тројцата сопственици на Атланта хоукс одлучија комплетно да ги продадат акциите што ги поседуваат во еден од најдобрите НБА тимови во моментов.

Брус Левенсон кој ја предводи групата фирми од Вашингтон кои поседуваат 50,1 процент од акциите во Атланта хоукс, триото со седиште во Атланта, Мајкл Гирон јуниор, Радерфорд Сејдел и Бју Тарнер ги застапуваат фирмите со 32, 3 проценти и Њујоршката база кај „јастребите“ застапувана од Стивен Прајс има 17, 6 проценти од акционерскиот удел во клубот.

pero-antic-vasington-615x400

Сите заедно одлучија да ги понудат сите акции на продажба и според „Атланта журнал конститушн“ тоа ќе биде конечна одлука, а акциите на клубот од понеделник ќе се продаваат на берза.

Со тоа Перо Антиќ, кој е првиот македонски кошаркар во НБА наскоро ќе има нови газди. Меѓу заинтересираните се и поранешните НБА ѕвзеди Дикембе Мутомбо и Крис Вебер. Цената се уште не е дефинирана, а експертите велат дека нема да биде астрономска како двете милијарди што ги плати Стив Балмер летоска за Лос Анџелес клиперс, ниту скромна за НБА клуб како што беше продажбата на Милвоки бакс за 550 милиони долари, реализирана во мај лани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top