Блескава победа од 80-70 забележа берлинска Алба против гигантот Барселона во првото коло од Топ-16 фазата во кошаркарската Евролига. Војдан Стојановски имаше впечатлива улога во триумфот на германскиот состав, а одигра 14 минути со учинок од 4 поени, две асистенции и еден скок.
Успехот на Алба е уште повреден, поради лошиот старт и негативата од 0-10 во првата четвртина, што Барселона ја доби со 23-16. Потоа следеше голем пресврт, а клучен беше третиот период во кој Алба доминираше и го доби со 22-8. Триото Рединг, Радошевиќ и Меклин беше незапирливо, а сите тројца кошаркари на Алба постигнаа по 16 поени.
Најефикасен на мечот беше Марселињо Уертас од Барселона со 23 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.