| четврток, 6 декември 2018 |

Ма­ке­до­ни­ја е дел од европ­ски­те ли­сти

Ка­ко пр­ва пе­јач­ка од ре­ги­о­нов што има сопс­твен „Ви­во ка­нал“, Ре­на­та Кра­лев­ска ве­ќе се нај­де на не­кол­ку топ-ли­сти, а неј­зи­ни­те пес­ни се ди­стри­бу­и­ра­ни во пре­ку 7.000 ра­ди­о­ста­ни­ци низ све­тот.

Таа е мла­да, та­лен­ти­ра­на и од­луч­на да го освои све­тот. Ре­на­та Кра­лев­ска уште од се­дум­го­диш­на во­зраст зна­е­ла де­ка му­зи­ка­та е неј­зи­ни­от ви­стин­ски пат. Иа­ко на­ста­пи­ла и на не­кол­ку фе­сти­ва­ли во Ма­ке­до­ни­ја, ме­ѓу кои и на „Ма­кфест“, со по­че­то­кот на со­ра­бо­тка­та со про­дук­ци­ја­та „Скај ај ен­тер­теј­мент“, за неа е под­го­твен де­та­лен план за ус­пех.

10

Отка­ко го до­би сво­јот ка­нал, пе­еш са­мо на анг­ли­ски ја­зик. Зна­чи ли тоа што си ори­ен­ти­ра­на на стран­ски­от па­зар де­ка во Ма­ке­до­ни­ја не­ма ус­ло­ви за до­бра му­зич­ка ка­ри­е­ра?

Ре­на­та: Ко­га сте му­зи­чар, не раз­мис­лу­ва­те да ја огра­ни­чи­те сво­ја­та му­зи­ка. Му­зи­ка­та са­ма по се­бе е умет­ност ко­ја не­ма гра­ни­ци. Ма­ке­до­ни­ја е ре­ла­тив­но мал па­зар, тре­ба уште мно­гу да се ра­бо­ти на ова на­ше под­неб­је за по­го­ле­ма афир­ма­ци­ја на ма­ке­дон­ски­те из­ве­ду­ва­чи би­деј­ќи ги има и се ква­ли­тет­ни, ка­ко и да се по­све­ти вни­ма­ние на се­ле­ктив­но­ста на му­зич­ки­те на­ста­ни. Во це­ла­та мо­ја при­каз­на стран­ски­от па­зар се на­до­вр­за са­ми­от за­тоа што и пес­ни­те се на анг­ли­ски. Но, глав­на­та цел е да се прет­ста­ви му­зи­ка­та на мо­ја­та зем­ја и над­вор од на­ши­те гра­ни­ци. На­и­ду­вам на прем­но­гу по­зи­тив­ни ре­ак­ции, ма­ке­дон­ска­та пуб­ли­ка пр­ва ми ја да­де по­треб­на­та под­др­шка и до­пол­ни­тел­на мо­ти­ва­ци­ја. Се­га ко­га ве­ќе пес­ни­те до­пи­ра­ат и до по­ши­рок ау­ди­то­ри­ум, знам де­ка сум на ви­стин­ски­от пат би­деј­ќи е уба­во ко­га ќе про­чи­та­те нас­лов „Ре­на­та од Ма­ке­до­ни­ја дел од европ­ски­те ли­сти!“

2

 Кол­ку си за­до­вол­на од по­стиг­на­то­то до­се­га?

Ре­на­та: По до­го­во­ри­те склу­че­ни во Анг­ли­ја и во Ита­ли­ја, це­ла­та про­мо­ци­ја се дви­жи ус­пеш­но, што ме пра­ви осо­бе­но среќ­на. Пес­ни­те се ди­стри­бу­и­ра­ни од глав­ни­те про­ду­цен­ти на „Ворлд чарт шоу“, со ди­стри­бу­ци­ја на ра­дио „Екс­прес“ во Лос Ан­џе­лес до пре­ку 7.000 ра­ди­ја низ све­тот, за­ед­но со нај­го­ле­ми­те свет­ски ѕвез­ди поч­ну­вај­ќи од Би­јон­се, Ри­ја­на, Сем Смит, Ела Хен­дер­сон, Ле­ни Кра­виц, Ни­ки Ми­наж, Лил Вејн и мно­гу дру­ги. Ина­ку пес­ни­те се нај­доа на мно­гу топ-ли­сти, кои се­ко­гаш ги спо­де­лу­вам. Во Тур­ци­ја два­па­ти до­се­га имав­ме хит на не­де­ла­та на ра­дио „Ми­до­но­се“ (Mydonose) во Истан­бул, пр­во со „Time, Time“, а се­га и со „Trust Your Feelings“. Во Пол­ска из­ле­зе ком­пи­ла­ци­ја­та „Please Stay“ со уште 40 нај­вр­те­ни пес­ни за 2013 го­ди­на. Има­ме зна­чи­тел­ни ус­пе­си во Ита­ли­ја, Шпа­ни­ја, Анг­ли­ја, Пор­ту­га­ли­ја, Ин­до­не­зи­ја, а сè по­ве­ќе во Ру­си­ја и во Укра­и­на. Ве­ќе ед­на не­де­ла „Trust Your Feelings“ до­бро ко­ти­ра во Шпа­ни­ја, на топ 40 пес­ни пре­по­ра­ча­ни од стра­на на слу­ша­те­ли. Ко­га пуб­ли­ка­та од­лу­чу­ва да ја слу­ша ва­ша­та му­зи­ка, то­гаш сè е по­лес­но и сè е до­стап­но. Тие се тие што мо­же да те ста­ват на пи­е­де­стал и да ја пре­не­сат емо­ци­ја­та ко­ја са­каш да ја пре­не­сеш. И по­ве­ќе од среќ­на сум за це­ла­та под­др­шка и љу­бов!

 Твое ин­терв­ју не­о­дам­на из­ле­зе и во срп­ски­от ма­га­зин „Ва­на­би“. Зна­чи ли тоа де­ка поч­ну­ваш со про­мо­ци­ја и на ре­ги­о­нал­ни­от па­зар?

Ре­на­та: Ин­терв­ју­то за срп­ски­от ма­га­зин „Ва­на­би“ (WannaBe) е са­мо по­че­ток за на­ред­ни­те про­е­кти на ре­ги­о­нал­ни­от па­зар. Ток­му за­тоа спом­нав де­ка при­сут­но­ста тре­ба да би­де на­се­ка­де ко­га се ра­бо­ти за му­зи­ка­та. Пред не­кој ден до­бив по­ра­ка од мој обо­жа­ва­тел во ко­ја ми по­со­чи ин­те­ре­сен ко­мен­тар оста­вен под ед­но од мо­и­те ви­деа на „Ви­во ка­на­лот“: „Јас сум од Гр­ци­ја и сум фан на Ре­на­та!“ По­ра­ка­та е ед­но­став­на и пре­крас­на! Му­зи­ка­та ги спо­ју­ва си­те ко­га е соз­да­де­на со мно­гу љу­бов! Не е важ­но од ка­де сме, важ­но е да би­де­ме лу­ѓе, по­ве­ќе љу­бов, а по­мал­ку омра­за! Ед­но­став­но, не­ма по­тре­ба ни­ту про­стор за неа.

 Ко­ја е тво­ја­та се­којд­нев­на ру­ти­на? Кол­ку вни­ма­ваш на гла­сот, на те­ло­то, на изг­ле­дот?

Ре­на­та: Се­кој ден ми поч­ну­ва на здрав на­чин, веж­ба­ње со мо­јот тре­нер. Оста­на­то­то е се­ко­гаш по­све­те­но на се­мејс­тво­то, при­ја­те­ли­те, му­зи­ка­та. Се ра­бо­ти по­сто­ја­но на но­ви про­е­кти кои до­пр­ва тре­ба да се ре­а­ли­зи­ра­ат, ин­терв­јуа, се­сии, но­ви пес­ни, на­ско­ро и јав­ни на­ста­пи.

 8

Бе­ше цр­ве­но­ко­са, за след­ни­от ви­де­ос­пот ја про­ме­ни бо­ја­та на ко­са­та, а се­га пак имаш свет­ли прам­ни, што зна­чи де­ка са­каш да се ме­ну­ваш. Ка­ко би го опи­ша­ла сво­јот стил?

 Ре­на­та: Са­кам транс­фор­ма­ции и са­кам да се ме­ну­вам. Та­ков е мо­јот тем­пе­ра­мент ко­га се ра­бо­ти за над­во­реш­ни­те про­ме­ни. Се чув­ству­вам ка­ко да имам по­ве­ќе лич­но­сти за­ро­бе­ни во се­бе кои са­ка­ат да се иска­жат на свој на­чин, се­ко­гаш по­и­на­ку! Са­кам да екс­пе­ри­мен­ти­рам со изг­ле­дот и со на­чи­нот на кој го иска­жу­вам сти­лот. Ед­но­став­но тоа сум јас, без раз­ли­ка на тоа да­ли се ра­бо­ти за ја­вен на­стан или, пак, за мо­е­то се­којд­не­вие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top