| четврток, 6 декември 2018 |

„Гардијан“: Со светот нема повеќе да владее американскиот диктат!

Во тек е формирање на алтернативни центри на моќ во светот и напнатоста меѓу стариот и новиот поредок на планетата отсега може да расте, но никогаш повеќе нема да се врати диктатот на САД и нивните неоспориви економски канони и догми, објави лондонскиот дневен весник.

Колумнистот на „Гардијан“, Шејмус Милн најпрвин укажа на „предизвикот кој Русија и го упати на неограничената американска власт“. Потсети дека Москва „му покажа заби“ на Вашингтон уште во 2008 година во времето на осетиско-грузиската војна, па го зајакна сопственото делување по повод војната во Сирија.

Милн процени дека украинската криза беше „кулминација на конфронтацијата на Русија со Западот“.

„Гардијан истовремено оцени дека „манипулациите со цената на нафтата“ му овозможија на Западот одеднаш да „убие три зајаци“-да изведе удари по економиите на Русија, Венецуела и Иран. Милн посебно нагласи дека Саудиска Арабија не само што им помогна на Американците, туку и „ги казни Русија и Иран за улогата која ја играат на Блискиот Исгток“.

Милн на ова уште додава: Барак Обама „топло ја поздрави економската војна“ чии последици наскоро ќе ги почувствува целиот свет.

Колумнистот на лондонскиот весник не пропушти да каже дека: Кина стана првата економска сила на светот, дека во Латинска Америка се појавува алтернатива на неолибералниот капитализам, дека САД и нивните сателити претрпеа порази и во Ирак и во Авганистан и на Блискиот Исток во текот на „арапската пролет“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top