| четврток, 6 декември 2018 |

Будење на економскиот џин: Оваа земја има трилиони долари во резерви и станува нова светска банка

Кина е сега светска банка. Тоа е сосема нормално. САД поседуваат трилиони долари долг, додека Кина поседува трилиони долари во резерви, пишува „Блумберг“.

Кина со децении наназад беше голем заемодавач на САД, купувајќи стотини милијарди долари во обврзници од САД. Со тоа што се здружи со Аргентина, Венецуела и Руасија, Кина има намера да го прошири својот бизнис на глобално ниво.

Кина сега за разлика од ММФ, ќе им позајмува пари на државите кои Западот сака да ги казни. Исто така за разлика од ММФ нема да вклучува посебни услови за своите кредити кои се во спротивност со суверенитетот на должничка нација.

Потегот на Кина да ја извлече Русија, покрај неодамнешните активности за помош на Венецуела и Аргентина сигнализира смрт на повоениот период на Бретон Вудс. Тој потег исто така означува и почеток на крајот на основната улога на САД во глобалната економија и влијанието на Јапонија на Азија. Очигледно дека новата Азиска банка за вложување во инфраструктурата ќе ја сузбие Азиската развојна банка. Кина со својата улога на позајмувач во последен момент почна нов вид на економски развој.
ММФ, Светска банка и Азиската развојна банка се надуени институции со променливи ставови. Кога Украина доби 17 милијарди долари од ММФ оваа година, целта беше да се поддржи геополитички важната економија , а не геополитичка уцена.
Владата на кинескиот претседател Си Џинпинг не ја интересира надградбата на економијата, состојбата на даночните режими, ниту резервите на централната банка. Оваа влада единствено се грижи за посветеноста.

Прогарамата за размена на валутата на Пекинг од 24 милијарди долари за помош на Русија е само почеток на она што следува. Додека Москва се соочува со најголемата криза од 1998 година, Кина станува мошне примамлив соработник.
Сепак, она што Пекинг му го овозможува на Владимир Путин е да ја направи економијата малку поразновидна. Истото важи и за размената на валута од 2,3 милијарди долари со Аргентина и кредит од 4 милијарди долари позајмени на Венецуела.

Претседателот Барак Обама сега ја има последната можност да се сврти кон Азија. Многумина се грижат што Кина им позајмува пари на опасни држави како оние во Судан или Зимбабве.

Таканаречениот Вашингтонски консензус за економската политика не е совршен, но моделот на Пекинг на авториктжратски капитализам е подобра опција? Компетитивноста не е ложа работа, но поверојатно е дека широкоградоста на Кина ќе ги охрабри лошите навики и ќе го попречи развојот на начини кои ќе ја влошат глобалната економија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top