Познатиот американски режисер Оливер Стоун изјави дека Западот е крив за ситуацијата во Украина, а како главни виновници ги означи разузнавачката служба ЦИА, Викторија Нуланд, заменик-државен секретар на САД, американскиот конгресмен Џон Мекејн, оранизацијата УСАИД и фондацијата НЕД- Национален фонд за демократија.
„Јас не го штитам Виктор Јануковиќ. Тој е веројатно најкорумпираниот претседател на Украина во нејзината историја, но тоа е споредна работа. Главната работа е како е тој отстранет“, вели Стоун истакнувајќи дека Западот и САД директно се вмешани во внатрешните прашања на Украина.
Тој истакнал дека уште во 1949 година, Џејмс Форестер, тогашен министер за одбрана на САД, во соработка со ЦИА, направил тајна група со Украина под името „Славеј“ која била составена од украински ултра-националисти, а се со цел да се борат против СССР.
„САД никогаш не престанаа да ја користат Украина како отскочна даска за борба против Русија“, рекол американскиот режисер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Тилерсон доби отказ бидејќи Трамп го нарекол „морон“? Трамп го избегна одговорот…(видео)