| четврток, 6 декември 2018 |

Привремено укинати два воза кои сообраќаат до и од Кичево, Скопје и Битола

­ Поради лошите временски услови и ниските температури од утре времено ќе бидат укинати возовите број 541/540 на релација Скопје – Битола – Скопје и 660/663 на релација Скопје ­-Кичево – Скопје.

Како што соопшти МЖ Транспорт АД – Скопје, двата наведени воза нема да сообраќаат се додека не се стекнат услови за нивно повторно воведување во редовниот железнички сообраќај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top