| четврток, 6 декември 2018 |

Се зголемува поддршката од професорите за реформи во високото образование

Се зголемува поддршката од професорите за иницијативата за реформи во високото образование и државен испит.

Академик Живко Попов и проф. д-р Горазд Росоклија денеска се приклучија на оваа иницијатива за поддршка на државниот испит кој ќе го зголеми квалитетот во високото образование.

Иницијативата секој ден добива се повеќе поддржувачи, откако група од 200 професори се потпишаа за поддршка на реформите во високото образование.

Меѓу приврзаниците се наоѓаат професорите Виктор Камиловски, Тања Каракамишева, Родна Живковска, Аце Миленковски, Саво Климовски, Љубиша Георгиевски, Јелена Лужина, Борче Георгиевски, Александар Сиколе, Мирјана Каева Пејковска, Круме Николовски, Сузана Кратовалиева, Драги Митревски, Валентина Илиева, Марјан Делипетрев. Андон Чибишев и уште многу други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top