| четврток, 6 декември 2018 |

Монасите од Бигорски направија снешко и собраа 10.000 лајкови

Монасите од познатиот манастир „Свети Јован Бигорски“ напрaвија снешко во манастирскиот комплекс, а фотографијата ја постираа на фејсбук на профилот на манастирот.  На фотографијата се гледа дека свештените лица со позитвно расположени ги дочекал обилните снежни врнежи, кои го зафатија регионот на општината Маврово и Ростуше.

Снешкото е дотеран со копчиња, шал и метла, а на главата му е ставена монашка капа за да се вклопи во редот.  Фотографијата предизвика симпатии во јавноста и собра близу 10.000 лајкови, шерувана е над 850 пати, а има и бројни позитивни коментари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top