| четврток, 6 декември 2018 |

Се запали кафеаната „Велчево меанче“

pozar1_0

Илустрација

Скопската кафеана „Велчево меанче“ во населбата Ченто ја зафатил пожар, но за среќа нема жртви. пламените јазици целосно го пеплосале покривот од кафаната. Од полицијата информираат дека пожарот избувнал околу 12 часот од засега непознати причини, но бил веднаш локализиран благодарение на брзата интервенција на пожарникарите.
Материјалната штета се проценува на нешто повеќе од 30.000 денари. Детали за избувнувањето на пожарот ќе бидат познати по завршување на увидот.
Инаку, пожарникарите за новогодишната ноќ имале неколку интервенции, но за среќа без сериозни последици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top