| четврток, 6 декември 2018 |

Вооружен маж приведен пред резиденцијата на премиерот на Турција (ВИДЕО)

Турската полиција уапси маж вооружен со автоматско оружје и импровизирана експлозивна направа пред резиденцијата на премиерот Ахмет Давутоглу, во палата Долмабахче во Истанбул, објави Макфакс.

Според информациите на весникот „Хуријет“, обезбедувањето го забележало натрапникот на територијата на резиденцијата, како се подготвува за напад, брзо реагирало и го онеспособило ставајќи му лисици на рацете.

Набрзо по инцидентот биле мобилизирани сите полициски сили во регионот на резиденцијата на премиерот Ахмет Давутоглу, а осомничениот е приведен во полициска станица. Приодот до палатата е забранет, а во околината работат пиротехничари.

Каде се наоѓал Давутоглу во моментот на инцидентот не е познато.

Телевизијата CNNTurk, пак, пренесе дека мажот кај себе немал експлозивна направа, туку граната. Напаѓачот успеал да ја фрли кон полицијата и да отвори оган, но гранатата не експлодирала.

Во близина на местото на инцидентот, исто така, се наоѓа и зградата на администрацијата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Погледнете го видеото тука 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top