Есктремно ниските температури и високата снежна покривка се причина за смртта на две лица во Албанија.
Споредн онлајн изаднието на весникот „Шекули“ станува збор за Теодораќ Демби (76) жител на албанскиот град Корча и Мухарем Топчи(53) од селото Брачај,кај Корча. Безживотното тело на Демби било пронајдено во близина на училиштето „Исмаил Ќемали“ во
Корча. Втората жртва, Топчиу било психички болно лице, а неговото тело го пронашле блиски роднини.
И кај двајцата смртта, според лекарите настапила од премрзнување. Подрачјето на Корча, во југоисточна Албанија е познато по многу ниските теператури секоја зима.
Поради ниските температури и големи снежни врнежи повеќе делови на Албанија се без електрична енерија, а многу планиски села се завеани.Тешко се одвива и патниот сообраќај поради голомразица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


