Кандидатот за Градоначалник на ВМРО – ДПМНЕ за Општина Центар Владимир Тодоровиќ, се сретна со моторџиите во кафе барот „Ван Гог“, каде што присуствуваше и носителот на советничка листа на ВМРО – ДПМНЕ за Општина Центар Томислав Лазаров и директорката на ЈП Паркинзи на Општина Центар Маргарита Бакев, како и членовите на Мото Клубот „Ноќни волци“.

На средбата моторџиите ја изразија благодарноста за обезбеденото бесплатно паркирање за сите мотоцикли, од страна на ЈП Паркинзи на Општина Центар, а на сопственикот на локалот, воедно и претседател на Мотоцилистичката Федерација на Македонија Ленин Јовановски, во знак на одличната соработка, директорката Бакев му подари бизнис-гостинска карта со 10 бесплатни активации за своите гости.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


