| четврток, 6 декември 2018 |

Во Франција СМС пораките минатата ноќ не беа во мода

Cellphone, selective focus, canon 1Ds mark III

Бројот на СМС пораките за новогодишната ноќ за виртуелното честитање на Новата година се намали во однос на минатата година. Текстуалните пораки беа заменети со ММС (мултимедијални) пораки, јавува дописникот на МИА од Париз.

За прв пат по повеќе години на постојано уривање на рекордите, бројот на СМС пораките во текот на новогодишната ноќ прекина со растот и забележа намалување од 20 отсто кај некои телефонски оператори.

Меѓу 21 и 2 часот, Буиг телеком забележа 49 милиони СМС пораки, односно 20 отсто помалку во споредба со лани. Но, истовремено беа пренесени 2,8 милиони ММС пораки, односно 17 отсто повеќе во сппоредба со лани. Порастот е од 20 отсто за периодот од полноќ до 4 часот – вкупно 2,1 милиони ММС пораки.

Другиот оператор СФР забележа намалување на СМС пораките за 10 отсто. На полноќ биле разменувани 27600 СМС пораки во секунда, што е скоро иста бројка со лани. ММС пораките забележуваат пораст од 20 до 25 осто во споредба со лани, велат од СФР, без да потврдат колку пораки  биле разменети.

Најголемиот оператор Оранж, од своја страна забележал 103.517.280 СМС пораки меѓу 21 и 2 часот. Кулминацијата била во 00:02 кога се размениле 28170 СМС пораки во секунда, кај кого во 2014 година биле испратени 65 милијарди пораки, односно намалување ид 1,60 отсто во споредба со 2013.

Четвртиот оператор Фрее забележа пораст на испратените пораки, од 21 до 2 часот биле испратени 57 милиони пораки, додека минатата година 48,1 милиони. Операторот не кажа колку ММС пораки биле разменети. Но овој оператор е единствен во Франција кој поради своите атрактивни цени, забележа зголемување на боројот на претплатниците во 2014 година.

За Новогодишната ноќ 2014, биле разменети 300 милиони СМС и ММС пораки од 21 до 2 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top