| четврток, 6 декември 2018 |

На Бали цела новогодишна ноќ со огномет

огномет

На островот Бали, една од најпознатите туристички дестинации во Азија и во светот, со доаѓањето на првиот ден од 2015 година почна петчасовен огномет кој буквално го осветлува целиот остров.

Огнометот треба да заврши нешто пред пет часот кога на ова подрачје доаѓаат кратките мугри, а сонцето, како и во другите подрачја блиски до Екваторот, се крева од хоризонтот точно во 6 часот.

Медиумите во југоисточна Азија јавуваат дека и покрај тажните вести поврзани со несреќата на авионот на „Ер Азија“, новогодишната атмосфера е традиционално весела и полна со позитивни желби и очекувања.

Весело е и во Тајланд, каде што сѐ уште има мерки за ограничување на масовни јавни собири, но генералите што сега раководат со оваа држава дозволија слободна продажба на алкохол, па многумина жители на Бангкок доаѓањето на Новата година го пречекуваат со чашка или шише алкохол на улица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top