| четврток, 6 декември 2018 |

Могерини: Гласањето во ОН ја покажува потребата за преговори

могериниВисокиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изјави синоќа дека гласањето во Советот за безбедност на Обединетите нации ја потенцира потребата Израел и Палестинците итно да ги обноват преговорите.

Советот за безбедност не ја усвои резолуцијата, која ја поддржаа Арапите, а која би го отворила патот за палестинската држава со главен град источен Ерусалим. САД гласаа „против“, откако истакнаа дека во документот е земена предвид загриженоста на Израел за безбедноста.

Резолуцијата даваше рок од една година за постигнување конечна мировна спогодба меѓу двата народи и повика на целосно израелско повлекување од палестинските територии до крајот на 2017 година.

– Гласањето уште еднаш ја истакнува итноста за обновувањето на суштинските преговори меѓу страните и потребата меѓународната заедница да се фокусира на конкретните достигнувања, да се постигне конечно решение, истакна Могерини преку соопштение.

Франција и Луксембург ја поддржаа резолуцијата, а Велика Британија остана воздржана. За да биде усвоена беа потребни минимум девет гласови „за“, а за неа гласаа осум од 15 земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top