| четврток, 6 декември 2018 |

Објавен оглас за користење средства за маркетинг на земјоделски производи

вино

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави оглас за користење средства за помош за маркетинг на земјоделски производи и преработени земјоделски производи.

Средствата се наменети за реализиран извоз во 2014 година на флаширано вино, преработка на зеленчук извезен во стаклена амбалажа и килограм извезен ориз во пакување (освен во вреќи), како и за направени трошоци за транспорт на откупено винско грозје од регистриран откупен пункт до регистриран преработувачки капацитет за производство на вино.

На огласот може да аплицираат фирми кои имаат регистриран преработувачки капацитет за производство на вино, фирми кои се регистрирани во Регистарот на оператори со храна и објектите од неживотинско потекло, како и фирми кои се регистрирани за вршење откуп на ориз.

Крајниот рок за доставување на барањата е 15 јануари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top