Перо Антиќ по долго време повторно беше стартер за Атланта хоукс и имаше солиден придонес во победата против Кливленд кавалирс со 109-101. За гостите не настапи Леброн Џејмс поради повреда на коленото, а главна закана за „јастребите“ беше Кајри Ирвинг со 35 поени.
Антиќ одигра 24 и пол минути и постигна 5 поени, што е ефект рамен на просекот што го има во втората сесзона во НБА лигата. Пол Милсеп со 26 поени и 9 скока ја предводеше Атланта до нова победа. Џеф Тиг забележа 23 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.