Николај потврдил сѐ што напишал во писмото за српски „Ало“, а тврди дека и тој бил жртва на обид за сексуално злоупотребување од близок човек на владиката.
– Ми рече дека таа вечер ќе „падне жртва“, а јас му одговорив дека нема додека главата ми е на рамена. Земав вила и цела ноќ ја минав во својата соба со вилата во случај да ме нападне. Потоа го повикав полицаецот Данило Фемиќ, кој строго му се закани дека не смее да ме допира. Арсение таа ноќ побегна од манастирот – раскажува монахот.
Според него, тоа не е изолиран случај, туку само мал дел од тоа што се случува во епархијата, а, како што кажува, имало ситуации во кои морал и со нож да се брани.
– На сите им е јасно дека владиката Филарет лажно сведочеше во случајот со владиката Пахомие и сите кои треба да го повикаат на одговорност – молчат. Во манастирот „Куманица“ по благослов на Филарет дојде обележаниот педофил јеромонахот Иларион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.