| четврток, 6 декември 2018 |

Рускиот патријарх Кирил: На човештвото му се ближи крај, внимавајте што правите

Рускиот Патријарх Кирил ги повика политичарите и граѓаните да се обединат и да не бараат револуционерни промени, бидејќи, како што рече, „мора некој да биде слеп, па да не забележи дека се ближат страшни моменти во историјата запишани во Книгата Откровение“.

Патријархот Кирил, во својот говор во Соборниот храм во Москва, порача дека многу претставници на модерната руска интелигенција ги повторуваат грешките на своите претходници, кои „ги вовеле земјите во катастрофални револуционерни настани на почетокот на 20. век“.

Патријархот Кирил истакна дека од постапките на сите луѓе зависи кога точно ќе настапи крајот, и ги повика луѓето да сфатат каква одговорност имаат пред Русија и целото човештво, и да го спречат „движењето кон дното на бездната на историјата”.

Тој предупреди дека човештвото денес влегува во критичен период на човековата цивилизација и дека му се ближи крајот.

– Мора да сте слепи за да не забележите како се ближат ужасните моменти во историјата за кои
зборуваше Јован во својата книга Откровение, изјави рускиот патријарх.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top