| четврток, 6 декември 2018 |

Времето утре облачно со повремени врнежи од снег

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно, а ќе има и повремени врнежи од снег со слаб интензитет особено во јужните делови од земјава.

Во попладневните часови врнежите ќе престануваат и ќе има извесно намалување на облачноста. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец кој повеќе ќе биде изразен на повисоките места и на планините.

Утринската температура ќе се движи од минус 15 до минус пет, а дневната од минус осум до минус еден степен. Во Скопје во текот на денот ќе има намалување на облачноста и ќе продолжи да дува умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус девет, а дневната ќе се искачи до минус четири степени.

Во текот на новогодишната ноќ ќе се задржи умерено облачно и доста студено време. Температурата во земјава ќе се движи од минус 15 до минус четири, а во Скопје до минус девет степени. Ќе продолжи да дува умерен до засилен северен ветер.

Најстудено утро се очекува во петок кога температурата ќе се спушти од ­20 до ­11 степени. Дневната температура, пак, од петок ќе биде во постепен благ пораст и за време на викендот ќе достигнува од ­5 до 5 степени.

До петок ќе се задржи многу студено време, особено во утринските часови, а ќе има и појава на голомразица. Ќе дува северен ветер повеќе изразен на повисоките места и на планините.

Од сабота се очекува постепено затоплување, односно покачување на дневната и на утринската температура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top